Феромонт Инженеринг
Друштвото за металопреработувачка дејност “ФЕРОМОНТ ИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ – Скопје
Нашата примарна дејност е изработка и монтирање на челични конструкции, браварски, кровопокривачки, фасадерски и лимарски работи.
Поседуваме сопствен производствен погон во општина Аеродром со современа сопствена механизација, машински парк, авто-кранови и возен парк со цел да овозможиме највисок квалитет на производство и на услугите кои ги нудиме. Повеќе децениското работно иксуство во комбинација со менаџерската и организациона експертиза не прави препознатливи професионалци во индустријата, секогаш спремни да ги достигнеме највисоките стандарди. Нашиот персонал е со висок степен на обученост, стручен и лојален на своите обврски, позиционирајќи го Феромонт на висока позиција на домашниот и странскиот пазар.
Нашата експертиза е превземање и извршување на сложени и комплексни задачи од областа на изведување на челични конструкции од јавен или посебен интерес.
Наши Услуги
Феромонт Инженеринг нуди професионално производство и монтажа на секаков вид на челични конструкции во кои спаѓаат меѓукатни, кровни и фасадни конструкции за приватни и јавни објекти. Исто така нудиме и целосна изработка на погонски хали, покривање и затварање на објекти со еднострук или палел покривачи. Поседуваме најсовремена механизација и опрема како и високо обучен персонал и притоа ги имплементираме највисоките стандарди за квалитет и заштита. Нашите заварувачи се квалификувани, атестирани и несомнено придонесуваат за крајниот квалитет на услугите кои ги нудиме.