Друштвото за металопреработувачка дејност "ФЕРОМОНТ ИНЖЕНЕРИНГ" ДООЕЛ - Скопје е основано во 1989 година во општина Кисела Вода со основна дејност "Изработка и монтирање на челични конструкции и сите други браварски работи, лимарија и кровопокривачки работи". Нашата главна дирекција се наоѓа на ул.М.Т.Гологанов бр.3 во општина Центар која располага со модерни канцеларии за беспрекорно вршење на нашата дејност.

Поседуваме сопствен производствен погон во општина Аеродром со современа сопствена механизација, машински парк, авто-кранови и возен парк што резултира со квалитет на нашето производство и услугите кои ги нудиме. Менаџерска способност со повеќегодишно работно искуство не прави препознатливи професионалци во извршување на доверената задача. Нашиот персонал е со висок степен на обученост, стручен и лојален на своите обврски. Сето тоа допринесува за високата позиција на Феромонт Инженеринг на пазарот.

Ве уверуваме дека сме во состојба да преземеме и извршиме посложени задачи од областа на изведување на челични конструкции од јавен или посебен интерес.